Најпознатата старлета Ким Кардашијан плачеше пред камерата во последната епизода на реалното шоу „Keeping Up With Kardashians“ поради разводот со раперот Канје Вест.
Таа им открила на своите сестри како се чувствува во врска со разводот од раперот, со кого била во брак 13 години.
„Не можам повеќе да го правам ова. Го изневерив“, започнала Ким низ солзи, додавајќи:
„Тој е одличен татко и мислам дека заслужува некој што ќе го поддржува секој негов потег, кој ќе биде со него и ќе го следи каде и да оди. Се чувствувам како губитник на крајот од 13-годишниот брак“, рекла таа, а сестрите ја утешувале.
На почетокот на оваа година, Ким поднесе барање за развод од Канје, а подоцна одлучиле дека ќе продолжат заедно да ги воспитуваат своите четири деца.
Во меѓувреме тој се пресели во имотот во Вимингтон, а Ким остана со децата во Хиден Хилс.
Инаку, откако ѝ соопштија на јавноста дека ќе стават крај на бракот, светските медиуми ги поврзаа и Ким и раперот со нивните нови љубовни партнери. Последната претпоставка во серијата е дека Канје тајно се гледа манекенката Ирина Шајк.