Кин: Халанд е на ниво на играчи од англиската четврта лига

од Симе Стоиков
154 прегледи

Во дербито на Премиер лигата, Манчестер Сити и Арсенал одиграа 0:0, а Ливерпул го искористи нивното реми и се најде на врвот на табелата.

Актуелниот шампион предводен од Пеп Гвардиола имаше поголем посед и повеќе удари кон голот, но впечаток е дека ниту една од двете екипи не ризикуваше премногу.

Одлична работа заврши одбраната на Арсенал, која практично го направи невидлив Ерлинг Халанд, најдобриот стрелец во лигата.

Годинава одигра шест натпревари против петте најдобри екипи и постигна само еден гол. Ова го забележа и славниот Рој Кин, поранешен ас на Манчестер Јунајтед.

„Ова беше многу лошо. Играта на Ерлинг е слаба. Беше на ниво на играчи од англиската четврта лига. Треба итно да се поправи“, изјави Кин.

Слични содржини