Кин: Сити си поигруваше со Јунајтед, има многу прашалници за овој тим и за менаџерот

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин уште еднаш го доведе во прашање идентитетот и насоката на тимот по поразот во вчерашното градско дерби од Манчестер Сити. „Црвените ѓаволи“ почнаа релативно добро и успеаја да поведат во осмата минута кога Маркус Рашфорд погоди во контранапад. Во следните минути имаа уште неколку не толку лоши прилики, но постепено доминацијата на „граѓаните“ почна да станува се поопиплива, а избраниците на Ерик тен Хаг за малку не успеваа да ја префрлат топката во поистурени позиции.

„Не сакам да бидам премногу суров кон Манчестер Јунајтед бидејќи Сити се претстави брилијантно. Покажаа зошто се шампиони. Она што го прави Сити е да ги открива сите ваши слабости, нема каде да се скриете. Колку доминантен беше Манчестер Сити денес покажува статистиката. Халанд и Де Бруин немаа најдобар ден, но потоа Фоуден се засили. Мислам дека заслугата треба да оди на Сити и да не се биде толку критичен кон Манчестер Јунајтед. Јунајтед денеска ќе мора да го голтне горчливиот залак, но има уште многу прашалници каде оди овој тим. Во последните 25 минути не можеа да се доближат до Сити, кој си поигруваше со нив. На крајот беа мажи наспроти деца, тие само стоеја таму. На крајот можеа да загубат со четири или пет гола разлика. Има уште многу прашалници за овој тим и за менаџерот за жал“, изјави Кин по поразот од неговата поранешна екипа.

„Црвените ѓаволи“ се петти во првенството и моментално имаат шест бода помалку од петтопласираниот Тотенхем и 11 зад последнопласираната Астон Вила во зоната на Лигата на шампионите. Шампионот Манчестер Сити е втор и на само еден бод помалку од лидерот на табелата Ливерпул.

Слични содржини