Кина, Бразил, Русија… X е забранет во овие земји

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Социјалната мрежа X (поранешен Твитер) во сопственост на Илон Маск е блокирана во неколку земји низ светот.

Беше блокиран во Кина, Иран и Туркменистан кога се викаше Твитер, а годинава беше блокиран и во Венецуела, Бразил и Пакистан. Покрај овие земји, X е забранет и во Русија, Мјанмар и Северна Кореја. Додека повеќето од овие земји им забранија на своите граѓани пристап до мрежата, Бразил отиде еден чекор понатаму.

На крајот на август, Врховниот суд на Бразил нареди „итна суспензија“ на платформата X во земјата, откако истече рокот на милијардерот Маск да назначи правен застапник за платформата во Бразил.

Во одлуката, Мораеш нареди „целосна и итна суспензија“ на X во земјата додека платформата не се усогласи со сите претходни судски пресуди, вклучително и парична казна од 3,28 милиони долари и назначување правен застапник во Бразил. Мораеш, исто така, рече дека поединци или компании кои ќе се обидат да добијат пристап до X ќе бидат казнети.

Претходно оваа година, Мораеш му нареди на X да блокира одредени сметки вклучени во лажни вести и говор на омраза.

Слични содржини