Кина до Г7: Одамна поминаа деновите кога вие одлучувавте за судбината на светот

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Денес Кина јасно ги предупреди лидерите на Г7 дека одамна поминаа деновите кога „малите“ групи на земји одлучуваа за судбината на светот, возвраќајќи им го ударот на најбогатите демократии во светот кои бараат обединета позиција за да ѝ се спротивстават на Кина.

„Деновите кога глобалните одлуки беа диктирани од мала група на земји веќе поминаа“, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Лондон.

Повторното појавување на Кина како водечка глобална сила се смета за еден од најзначајните геополитички настани во последно време, заедно со падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, со што заврши Студената војна.

– Ние секогаш веруваме дека земјите, големи или мали, силни или слаби, сиромашни или богати, се еднакви и дека одлуките треба да се носат преку консултации на сите земји – додаде кинескиот амбасадор.

Слични содржини