101
Кина денеска ги отфрли американските наводи дека Пекинг размислува да ѝ испрати оружје на Русија за да ја поддржи во војната во Украина, велејќи дека Вашингтон „нема овластување“ да ѝ издава наредби на Кина.
„САД, а не Кина, континуирано испраќаат оружје на боиштата. Никогаш нема да прифатиме САД да ги диктираат кинеско-руските односи, ниту ќе прифатиме принуда и притисок“, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пренесе агенцијата „Кјодо“.
Неговите изјави дојдоа по предупредувањето од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој во Минхен во текот на викендот рече дека Вашингтон е загрижен дека Пекинг може да ѝ испрати оружје на Русија и да ја поддржи во нејзиниот напад врз Украина.