Кина го блокираше увозот на цитрусно овошје и замрзната риба од Тајван

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Кина денеска го блокираше увозот на цитрусно овошје и замрзната скуша од Тајван, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси го посети Тајван.

Кина не воведе забрана за увоз на тајвански микрочипови и други индустриски компоненти.

Тајван, чии производители ги прават најнапредните процесори за „паметни“ телефони, таблет компјутери и медицински уреди, произведува повеќе од половина од светската понуда на чипови.

Кина троши повеќе од 400 милијарди долари (392,6 милијарди евра) годишно за увоз на микрочипови и тие се први на листата на стоки што земјата ги увезува, пред сурова нафта.

Пекинг најави и четиридневни воени вежби во водите околу Тајван. Ова може да ја одложи или прекине испораката на стоки до или од Тајван.

Кинеските власти претходно рекоа дека посетата на Пелоси може да го охрабри Тајван да ја направи трајна својата децениска де факто независност, а тоа ќе доведе до војна.

Пекинг се противи на какви било официјални контакти на тајванската влада со други земји, бидејќи смета дека Тајван е нејзина одметничка провинција.

Кина и Тајван имаат посебни влади од крајот на кинеската граѓанска војна 1945-1949 година.

Слични содржини