Кина денес го повтори своето противење на потенцијалната продажба на американско оружје на Тајван, откако Вашингтон одобри продажба на противтенковски систем за поставување мини на островот.
Според извештаите, потенцијалната продажба би била вредна околу 180 милиони долари.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, го повика Вашингтон веднаш да ги прекине воените контакти со Тајван, пренесува ТАСС.