Кина го забранува Би-Би-Си

од Stefanija Kuzmanovska
640 прегледи

Британскиот телевизиски и радио канал BBC World News е забранет во Кина, објави кинеската радиодифузна агенција, една недела откако Британците ја одзедоа лиценцата на кинеската државна телевизија.

Во изјавата во пресрет на лунарната Нова година, агенцијата наведува дека британскиот јавен сервис сериозно ги крши прописите во извештаите поврзани со Кина, нагласувајќи дека вестите треба да бидат „фер и праведни“, но дека им наштетиле на националните интереси на Кина, пренесува „Ројтерс“.

Затоа, британскиот канал не ги исполнува условите во Кина, а апликацијата за емитување на програма уште една година нема да биде прифатена, додава кинеската агенција.

Во соопштението на Би-Би-Си по објавата на кинеската агенција се вели дека е разочаран од одлуката на кинеските власти.

Слични содржини