Кина го зголеми извозот на возила за 31 отсто

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Минатата година Кина стана најголем светски извозник на возила и значително ја зголеми предноста пред Јапонија, која со години доминира во оваа категорија. Со ова Кинезите дополнително ги оправдаа прогнозите дека се подготвени да го „освојат светот“ со своите автомобили и да им го отежнат животот на традиционалните производители на сите пазари.

Во првата половина од оваа година, производителите од Кина извезоа повеќе од 2,79 милиони возила. Тоа е импресивно зголемување од 31 процент во однос на истиот период во 2023 година. Конкретно, кинескиот извоз се состоеше од 2,34 милиони автомобили и 450.000 комерцијални возила, пренесe Auto News.

Податоците од Јапонската асоцијација на производители на автомобили откриваат дека во првите шест месеци од оваа година, вкупниот извоз на возила на Јапонија достигна 2,02 милиони. Ова е благо намалување од 0,3 отсто во однос на претходната година. Јапонците извезле 1,83 милиони автомобили и приближно 187.000 комерцијални возила.

Иако кинеските електрични автомобили се во фокусот на западните производители и погодени од различни нови царини, тие сочинуваат само мал дел од извезените возила од Кина, вкупно 605.000. Дури 2,19 милиони возила произведени во Кина и испратени во странство беа потрадиционални возила со SUS погон, главно бензинци.

Најдобрите пет извозници на возила во Кина се Chery Automobile, SAIC Motor Corp, Changan Automobile Co, Geely Automobile Holdings и BYD. Chery го предводи патот со 532.000 возила, пред SAIC со 439.000, Changan со 285.000, Geely со 242.000 и BYD, кој извезе 207.000 возила во првата половина од годината.

Во 2023 година, кинеските производители извезоа приближно 5,26 милиони возила, со што ја узурпираа круната на најголемиот светски извозник на возила од Јапонија. Ако силната прва половина продолжи во периодот на крајот на годината, се предвидува дека Кина би можела да извезе повеќе од 6 милиони возила оваа година.

Слични содржини