Кина гради фабрика за литиумски батерии во Турција

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Кинеската компанија „Ганфенг литиум“ објави дека потпишала договор со водечкиот турски производител на класични батерии за инвестирање 500 милиони долари во заеднички објект за производство на литиумски батерии за електрични автомобили.

„Jangxi Ganfeng Lithium Battery Technologists“ и турскиот производител на батерии „Jugit aku“ ќе изградат турска производна линија која ќе има годишен капацитет еквивалентен на околу пет гигават-часови енергија, пишува агенцијата Ројтерс.

Кинескиот портал „CnEVpost“, специјализиран за вести за електрични возила, пишува дека е договорена соработка во Турција, но и на глобално ниво и дека кинескиот партнер во заедничкото вложување ќе инвестира 500 милиони долари. Покрај производствената линија за батерии, проектот вклучува и нивно пакување во Турција.

Договореното заедничко вложување вклучува отворање на нови научни и развојни центри со фокус на новите технологии, размена на интелектуална сопственост во областа на напредните технологии за литиумски батерии. Станува збор, како што се наведува, и за батерии за електрични возила со цврст (AŠB), наместо течен електролит, батерии со голема моќност за тешки возила и батерии за поморски транспорт и аеронаутика.

„Ганфенг“, пишува порталот, е еден од најголемите кинески производители на различни производи од литиум, кои се користат за електрични автомобили, во фармацевтската индустрија и аеронаутиката.

Слични содржини