Кина и Русија во средата се договорија да ги надградат своите воени врски на „повисоко ниво“, јавува Анадолија.
Кинеското министерство за одбрана објави дека речиси еден месец откако беше назначен за нов кинески министер за одбрана, Донг Јун го одржал својот прв видео-повик со неговиот руски колега Сергеј Шојгу во средата и двете страни „се согласија да продолжат да ја прошируваат практичната соработка и да ги унапредат воените врски“.
Глобални предизвици
„Кинеската и руската војска мора да го спроведат важниот консензус постигнат од двајцата шефови на држави, одлучно да одговорат на глобалните предизвици, континуирано да ја зајакнуваат меѓусебната стратешка доверба и да придонесат за продлабочување на односите меѓу Кина и Русија“, истакнал Донг.
Било забележано дека оваа година се навршуваат 75 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Русија.
Поранешниот командант на морнарицата Донг го наследи генералот Ли Шангфу кој беше разрешен во октомври минатата година.