Претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, ќе испрати во Србија уште 500.000 дози од вакцината „Синофарм“, пишува српски „Новости“.
„Оваа исклучително важна испорака ја договорил првиот човек на најнаселената земја во светот со неговиот српски колега Александар Вучиќ, а куриозитет е што вакцината ќе биде доставена на 5 март, кога е роденденот на претседателот на Србија “, пишува весникот.
Србија досега има вакцинирано над еден милион граѓаните, соопшти вчера министерот за здравство, Златибор Лончар, додавајќи дека во земјата досега имаат 4 видови на вакцини: Фајзер, Синофарм, АстраЗенека и руската Спутник V.
„Планот ни е да вакцинираме над 2,5 милиони граѓани“, изјави вчера министерот Лончар на граничниот премин Табановце, после примопредавањето на втората пратка вакцини како дел од донацијата за нашата земја.