Кина ја одобри вакцината Синовак за деца на возраст од три до 17 години

од Берта Китинска
347 прегледи

Кога вакцината Синовак ќе биде одобрена за општа употреба од страна на малолетници, зависи од стратегијата за имунизација на кинеските здравствени власти.

Кина ја одобри вакцината Синовак за итна употреба за деца на возраст од три до 17 години, изјави директорот на Синовак Џин Веидонг за државната телевизија.

Кинеската кампања за масовна вакцинација, која распредели 723,5 милиони дози до 3 јуни, важи за лица над 18 години, објави денес Ројтерс.

Кога вакцината Синовак ќе биде одобрена за општа употреба од малолетници, зависи од стратегијата за имунизација на кинеските здравствени власти, додаде Џин.

Тој рече дека малолетните лица имаат помал приоритет при вакцинирање против ковид-19, во споредба со постарите лица, кои имаат поголем ризик да добијат посериозни симптоми доколку се заразат.

Прелиминарните резултати од првата и втората фаза на клинички испитувања покажаа дека вакцината може да предизвика имунолошки одговор кај деца на возраст од три до 17 години и дека несаканите реакции се лесни.

Државната фармацевтска компанија „Синофарм“, која користи слична технологија како „Синовак“, исто така подготвува апликација за употреба на вакцината кај помлади лица.

Слични содржини