228
Кинеското Министерство за надворешни работи ја осуди посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, велејќи дека тоа сериозно им штети на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.
Во соопштението објавено веднаш по пристигнувањето на Пелоси во Тајпеј, кинеското министерство за надворешни работи рече дека посетата на Пелоси сериозно ќе влијае на кинеско-американските политички темели и односи.
Беше соопштено дека е упатен силен протест до САД.