Кина планира да распредели две милијарди дози вакцини ширум светот до крајот на 2021 година, објави кинескиот претседател Си Џинпинг синоќа за време на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Кина ќе вложи максимални напори да испрати две милијарди дози вакцини до земјите низ светот до крајот на годината“, рекол Си, а пренесе ТАС С.
Досега, шест вакцини од различни производители се одобрени во Кина, а најкористените вакцини во светот од кинеско производство се Синофарм (во 64 земји) и Синовак (во 40).
Синовак се уште се користи и во Македонија.