Кина ја заврши изградбата на најголемиот телескоп во светот. Процесот траеше 5 години, главната функција на радиотелескопот FAST (Five-hundred-meter Aperture Spherical Telescope) е да бара вонземски живот, пишува весникот ZDNet.
Телескопот е со површина со големина на околу 30 фудбалски полиња и дијаметар над 500 метри. Тој има огромен рефлектор кој е изграден од 4450 панели. Неговата вредност е околу 180 милиони долари.
FAST се наоѓа во југозападниот дел на Кина и ќе бара чудни објекти кои ќе помогнат на човештвото да разбере повеќе за универзумот. Со него ќе можат да се следат и анализираат пулсови, гравитациони бранови и др.
Телескопот ќе може да детектира дури аминокиселини кои би најавиле присуство на живот не само на други планети, но и во оддалечените галаксии. Пред да почне сето ова, сепак, научниците ќе поминат околу две до три години во подесување и финални тестови на FAST.
Потоа FAST ќе биде подготвен за прекрасната работа. Неговиот шеф Пенг Бо вели дека научници од целиот свет се добредојдени и ќе можат да го користат. Според Пенг потенцијалот на FAST да открие живот и дури вонземјанин цивилизација е меѓу пет до десет пати поголем од оној на сегашната најдобра опрема. Научниците очекуваат FAST да биде глобален лидер во овој тип студии за наредните 10 до 20 години.
Започнувањето на работа на телескопот значи и промена во живеалиштето за 9110 лица. Сите кои живеат во радиус од пет километри од FAST, ќе бидат преместени во блиски градови и села. Причината е дека околу телескоп не треба да има други радио бранови, бидејќи ќе пречат на неговата работа.
