Кина ќе продолжи да соработува со Русија со цел развивање на стратешко партнерство

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Пекинг ќе ја продолжи соработката со Русија со цел да се развие сеопфатно стратешко партнерство меѓу двете земји, пренесоа кинеските државни медиуми.

За време на средбата со претседателката на Горниот дом на руското собрание Валентина Матвиенко во Пекинг, Си истакна дека соработката меѓу собранијата на двете земји е важен дел од кинеско-руските односи, јави кинеското државно радио.

По средбата со Си, Матвиенко изрази уверување дека Кина „доследно и цврсто“ ќе ја продолжи соработката со Русија.

Таа оцени дека односите меѓу Пекинг и Москва не подлежат на надворешни политички влијанија, пренесе ТАСС.

„Можеме да сметаме на цврстото и сигурно пријателско рамо на Кина“, заклучи Матвиенко.

Слични содржини