Кина ќе слета на Марс во 2020 година

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Кинеските научници се подготвуваат да ја лансираат првата кинеска сонда до Марс во 2020 година “, објави шефот на кинескиот проект за истражување на Месечината E Пејцзан.4693894

“Во моментов се одвива интензивна подготовка за спроведување на проектот. До 2020 година остануваат само пет години, но ние сме целосно убедени дека ќе ја исполниме задачата “, вели научникот. Кинеските научници очекуваат не само да влезат во орбитата на Црвената планета, но и да слетаат на нејзината површина.

Активниот период на проучување на Марс со помош на вселенски летала започнува со 1960 година, кога Советскиот Сојуз, САД и Европската вселенска агенција почнуваат да праќаат своја техника до Марс. Во 2014 година кон изучување на Марс се приклучи и Индија, која исто така испрати своја сонда во орбитата на планетата. Марс е четвртата планета по оддалеченост од Сонцето и седмата по големина планета во Сончевиот систем. Масата ѝ е 10,7% поголема од онаа на Земјата.