Кина: Најмалку двајца загинати, 12 исчезнати во експлозија во фабрика

од Radmila Tasevska
119 прегледи

Најмалку две лица загинаа, а 12 се водат за исчезнати во голема експлозија во хемиска фабрика во североисточна Кина, пренесе АП.

34 лица се повредени во експлозија во предградието на градот Панџин во провинцијата Лиаонинг.

Локалната Влада покажа фотографии од густиот чад и оган што го зафати хемискиот комплекс.