Кина цврсто се противи на едностраните санкции, соработката меѓу Пекинг и Москва не е насочена против други земји и не е под влијание на надворешни фактори, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијан.
„Ние цврсто се спротивставуваме на незаконските еднострани санкции и примената на екстериторијална јурисдикција“, рече портпаролот на кинеското министерство, коментирајќи го американскиот нацрт-закон за кинеско купување руски гас и нафта.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина нагласи дека „Кина одржува нормална трговска и економска соработка со Русија заснована на взаемно почитување, еднаквост и взаемна корист, која не е насочена против други земји и не е под влијание на надворешно мешање“.