Кина: Нашата вакцина може да се користи во итни случаи

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Вакцината против Ковид- 19, што ја развива Кина, се покажа како успешна во средната фаза на испитувањето, велат истражувачите.

Во моментов во Кина се развиваат неколку вакцини, а некои се веќе вклучени во програмата за имунизација на населението.

Истражувачите наведуваат дека вакцината на компанијата „Синовак бајотек“ предизвикала брз имунолошки одговор за време на студијата во која учествувале околу 700 луѓе, објави Би-Би-Си. Резултатите од тестовите во првата и втората фаза беа објавени во списанието „Лансет“.

Жу Фенгчаи, еден од авторите на извештајот, рече дека резултатите се темелат на тестирање на 144 учесници во првата фаза и 600 учесници во втората фаза и дека вакцината може да се користи во „вонредни ситуации“.

Објавувањето дојде откако беа објавени извештаи за добри резултати во големо тестирање на вакцини за Ковид во Европа и САД.

Истражувањата покажуваат дека трите вакцини кои во моментов се развиваат во САД, Германија и Русија се ефикасни во повеќе од 90 проценти од случаите. Тестирањето опфати десетици илјади луѓе.

Слични содржини