Кина: Нашите воени вежби се сериозно предупредување

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Кина сака да ги искористи своите воени вежби во близина на Тајван како предупредување за да се спротивстави на напорите за независност на островот, соопшти кинеската влада, пишува во понеделникот германската агенција ДПА.

„Тоа е сериозно предупредување за провокативните активности на тајванските сепаратистички сили за независност и нивниот дослух со странските сили“, изјави за новинарите во Пекинг портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Тој додаде дека ги смета вежбите за „неопходен чекор со цел да се заштити националниот суверенитет и територијалниот интегритет“.

Силите за независност на Тајван и странските сили кои соработуваат со нив во Тајванскиот теснец се „најголемата закана за мирот и стабилноста“, рече тој. Повтори дека прашањето за Тајван е „чисто внатрешно кинеско прашање“.

Кинеското раководство смета дека демократската република на островот е дел од Народната Република, иако со островот владее независна влада повеќе од 70 години.

Пекинг се заканува дека ќе го освои Тајван.

Слични содржини