Кинеската влада го повикува НАТО да престане да се обидува да ја дестабилизира Азија, по кризата во Европа, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.
Во своето обраќање, кинескиот функционер се осврна на пишувањето на „Блумберг“, кој објави дека НАТО ќе ја нарече Кина „системски предизвик“ во новиот стратешки концепт на алијансата, а ќе констатира и зајакнување на соработката меѓу Пекинг и Москва.
„Она што треба да го направи НАТО е да го напушти начинот на размислување од Студената војна, игрите со нулта сума и практиката на создавање непријателски проекции. По превирањата во Европа, земјите на НАТО треба да се откажат од обидите да ја дестабилизираат Азија и светот“, рече Лиџијан.