Кина: НАТО сака да создаде уште една Украина во Азија со цел да ги наруши плановите за развој

од Stefanija Kuzmanovska
420 прегледи

НАТО сака да создаде „уште една Украина во Азија“ со цел да ги наруши развојните изгледи на целиот азиски регион, предупреди денеска Фенг Шаолеи, директор на Центарот за руски студии на Источнокинескиот универзитет, ЕЦНУ.

„НАТО сака да создаде уште една Украина во Азија. Овој тренд не само што има за цел да ја заузда Кина, туку и да ја блокира нормалната размена меѓу азиските земји и да ги наруши изгледите за развој на Азија. Сериозните факти предупредуваат дека ниту еден разумен политичар во светот не смее да дозволи НАТО да ја уништи иднината на целиот свет“, изјави кинески експерт, пренесува ТАСС.

Коментирајќи го денешното предупредување до учесниците на 11-тата меѓународна безбедносна конференција во Москва од страна на рускиот претседател Владимир Путин за можна интеграција на НАТО со АУКУС, воената алијанса на Австралија, Велика Британија и САД, Фенг посочи дека тоа е обид за проширување на НАТО (во Азија) врз основа на себични интереси на одредени сили.

Слични содржини