Кина негираше дека побарала од Русија да ја одложи инвазијата до крајот на ЗОИ

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Кина го отфрли извештајот на западните разузнавачки служби, кој укажува дека нејзини претставници побарале од Русија да го одложи нападот врз Украина до крајот на Зимските олимписки игри во Пекинг, јави Си-Ен-Ен.

Си-Ен-Ен претходно објави дека извор запознаен со разузнавањето соопштил дека американските власти генерално веруваат дека извештајот, првпат објавен од „Њујорк Тајмс“, е веродостоен, но дека одредени детали во него се отворени за толкување.

Кинеското Министерство за надворешни работи одговори во четвртокот, нарекувајќи го извештајот „целосно лажно и гнасно пренасочување на вниманието и вината“, истакнувајќи дека причината за сегашниот конфликт е проширувањето на НАТО на исток, како што се залагаат Соединетите држави.

„Се надеваме дека одговорните за кризата ќе ја преиспитаат својата улога во украинската криза, ќе преземат одговорност и ќе преземат конкретни активности за да ја олеснат ситуацијата и да го решат проблемот, наместо да обвинуваат други“, рече портпаролот на министерството Ванг Венбин на брифингот во четвртокот.