Кинеска новинарка која е во притвор повеќе од шест месеци поради известување за епидемијата на коронавирус во Вухан, ја хранат присилно преку цевка и ја држат врзана за да не се спротивстави, тврди нејзиниот адвокат.
Жанг Жан, 37-годишна адвокатка-новинарка, штрајкува со глад во затвор во близина на Шангај. Жанг била уапсена во мај и обвинета за „предизвикување расправии и неволји“, што во превод значи дека ќе ги критикувала кинеските власти, откако на социјалните мрежи известувала за состојбата во Вухан. Минатиот месец таа била обвинета за ширење лажни информации.
Нејзиниот адвокат Жанг Кеке изјави дека тој ја посетил на почетокот на неделата и дека не изгледала добро.
„Таа беше облечена во дебели пижами и појас околу половината. Нејзината лева рака беше врзана напред, а десната зад неа. Неодамна и ставија цевка во стомакот, а бидејќи таа сакаше да ја извади, и ги врзаа рацете“, изјавил адвокатот, додавајќи дека неговиот клиент бил во „постојан пекол“ поради 24-часовното врзување и додал дека неговата клиентка не може да оди ниту во WC сама да оди без помош.
„Освен главоболки, слабост и болки во стомакот, таа чувствува и болки во устата и грлото. Таа вели дека веројатно е последица на воспалението што се должи на гастричната цевка што ѝ била вметната “, вели Кеке.
Адвокатот исто така изјавил дека рочиштето закажано за декември не е закажано и дека тој не знае дали неговиот клиент ќе преживее.
Жанг била уапсена и затворена во 2018 и 2019 година за критики кон кинеските власти и поддршка на активистите во Хонг Конг. Таа е една од неколкуте кинески новинари уапсени оваа година за патување во Вухан и известување за избувнувањето на пандемијата и одговорот на владата.
Чен Куиши, поранешен адвокат кој стана новинар, беше уапсен во јануари. Ли Зехуа, кој извести за исчезнувањето на Чен, исчезна на почетокот на февруари и беше ослободен во април. И жителот на Вухан, Фанг Бин, кој објави снимки од поплавените болници на социјалните мрежи, исчезна.