Кина од средината на месецот одржува воени вежби со пет земји од Југоисточна Азија

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Кина ќе одржи заеднички воени вежби со пет земји од Југоисточна Азија од средината до крајот на овој месец, објави денеска кинескиот државен медиум Ксинхуа.

Како што е наведено, вежбите ќе се одржат во јужната кинеска провинција Гуангдонг, а ќе учествуваат вооружените сили на Камбоџа, Лаос, Малезија, Тајланд и Виетнам.

Воените вежби ќе се фокусираат на борбата против тероризмот и поморската безбедност, јави Ксинхуа, пренесе Ројтерс.

Слични содржини