Кина остро им одговори на САД: Немате право да ги регулирате руско-кинеските односи

од Radmila Tasevska
154 прегледи

САД немаат право да им кажуваат на Русија и Кина како да ги развиваат билатералните односи, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

„САД немаат право да ги регулираат руско-кинеските односи, нема да толерираме притисок и закани од американска страна“, рече Мао, коментирајќи ги предупредувањата на голем број американски политичари до Пекинг за последиците ако Кина испорача оружје на Русија, пренесува Спутник.

Таа посочи дека Вашингтон не само што испраќа смртоносно оружје во Украина, туку и прекршува три заеднички кинеско-американски изјави со постојано продавање напредно оружје на Тајван и додаде дека Кина активно ги промовира преговорите и политичкото решение на украинската криза.

Коментирајќи ги американските санкции наметнати на кинеските компании поради нивните врски со Русија, Мао рече дека Кина го изразила својот протест и ќе ги преземе неопходните мерки.

„Кина изразува силно незадоволство и силен протест и веќе упати остра нота до САД“, рече Мао, одговарајќи на барањето на новинарот за коментар за американските санкции на кинеските компании од 24 февруари „поради врските со Русија“.

Таа посочи дека дејствијата на САД не се засноваат на меѓународното право, туку претставуваат незаконски еднострани санкции и „проширена јурисдикција“, со што предизвикуваат сериозна штета на интересите на Кина.

Според неа, САД шират лажни информации дека Кина и доставува оружје на Русија, користејќи го како изговор за воведување санкции на кинеските компании, што е „директен прогон“ и „двојни стандарди“.

Мао ги повика САД да тргнат од заедничките интереси на сите земји во светот, да направат нешто за да ја ублажат украинската криза и да ги промовираат мировните преговори, како и да престанат да шират лажни информации и да ги укинат санкциите за кинеските компании.

„Ќе преземеме решителни контрамерки како одговор на погрешните санкции на САД против кинеските компании“, рече Мао Нинг.

Слични содржини