Кина отвори 6,98 милиони работни места во првата половина од годината

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Кина отвори вкупно 6,98 милиони нови урбани работни места во првата половина од оваа година, покажуваат официјалните податоци на Министерството за човечки ресурси и социјално осигурување објавени во вторник.

За време на прес-конференцијата, Министерството соопшти дека „состојбата со вработувањето е генерално стабилна“ и дека ќе се залага за враќање на стабилни работни места и специјални заеми за стабилизирање и проширување на вработеноста, пренесува Ројтерс.

Министерството, исто така, најави дека ќе го поттикне вработувањето и претприемништвото на младите луѓе, како што се дипломираните на универзитетите.

Во јуни, стапката на невработеност во урбаните средини беше пет проценти, додека состојбата со вработеноста остана главно стабилна, според Министерството, пренесе Ксинхуа.

Кина постави годишна цел да отвори повеќе од 12 милиони нови урбани работни места оваа година. Стапката на невработеност и во урбаните средини годинава се предвидува да биде околу 5,5 проценти.

Слични содржини