Кина повика на дијалог по обраќањето на Путин

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Кинеското министерство за надворешни работи денеска по обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин ги повика сите страни да се вклучат во дијалог и консултации и да најдат начин да ги решат сечии безбедносни проблеми.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, на брифинг за медиумите истакна дека позицијата на Кина за Украина е „конзистентна и јасна“, пренесува „Ројтерс“.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска нареди прва мобилизација на Русија по Втората светска војна и го предупреди Западот дека Москва ќе одговори со моќта на својот огромен воен арсенал доколку продолжи, како што рече, „нуклеарната уцена“.

Слични содржини