338
Кинеската владејачка Комунистичка партија предупреди на ризиците од напредокот во вештачката интелигенција, а истовремено повика на засилени мерки за национална безбедност.
На состанокот со кој претседаваше лидерот на партијата и претседател Си Џинпинг во вторникот, беше упатен повик за „посветени напори за зачувување на политичката безбедност и подобрување на интернет податоците и безбедносното управување со вештачката интелигенција“, објави Ксинхуа, пренесе АП.
Си, кој е шеф на кинеската држава, воен командант и претседател на Комисијата за национална безбедност на партијата, на состанокот истакна дека треба да се биде свесен за комплицираните и предизвикувачки околности со кои се соочува националната безбедност.