Кина ќе расели 10 000 луѓе, за да се направи простор за поставување на најголемиот во светот радиотелескоп кој ветува дека ќе му помогне на човештвото да се најде вонземски живот, соопштија државните медиуми.
Дијаметарот на телескопот FAST (Aperture Spherical Radio Telescope) ќе биде 500 метри. Тој ќе биде сместен во ридовите на југозападната провинција Guizhou и треба да почне со работа оваа година. Научниците, собрани во рамките на проектот, објаснија дека над 9110 жители ќе треба да ги напуштат своите домови, кои се наоѓаат во радиус од 5 километри околу телескопот. Тие ќе треба да се преселат во септември, соопшти Ксинхуа.
Сите погодени од ова, ќе добијат компензација во износ од 12 000 јуани (1800 долари), а некои ќе добијат дополнителна поддршка за ново живеалиште. Монтажата на 500 – метарскиот “Aperture Spherical Telescope” или FAST, започна во јули и се очекува да биде завршена во 2016 година. Откако ќе биде подготвен, телескопот ќе биде со 500 метри дијаметар, со што ќе се префрли овој најголем телескоп на опсерваторијата во Порторико, кој е со дијаметар од 300 метри.
“Колку поширока е неговата површина, толку почувствителен станува тој за пораки од вселената, колку и слаби да се тие”, објасни Нан Рендонг, главниот научник на проектот. “Телескопот е како чувствително уво што слуша за пораки во бучниот Универзум. Нешто како да ги чуеш цикадите во Грмотевиците “, објасни тој. Географијата, поточно околните ридови и оддалеченоста овозможува тој да работи со помалку пречки од радио сигналите на Земјата. До овој момент научниците ниту еднаш не ја сретнаа пораката која убедливо да ни сугерира за постоење на вонземјани. Дури и да не открие друг живот во универзумот, телескопот ќе биде искористен за наоѓање на нови планети, комети и други небесни тела.