Кина ревакцинираше повеќе од милијарда луѓе против Ковид, што сочинува над 70 проценти од населението во земјата од 1,45 милијарди, објави денеска „Блумберг“.
Кина е понапред од Соединетите држави и Европа по бројот на вакцинирани, но се уште не планира да ублажи некои од најстрогите мерки за борба против ковид во светот, додава американската новинска агенција.
До 15 септември се распределени 2,16 милијарди дози, рече портпаролот на Државната здравствена служба, Ми Фенг, односно 1,01 милијарда луѓе се ревакцинирани.