Кинеското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека САД одбиле да одговорат на кинеското барање за информации за балонот што беше соборен од американската војска над Јужна Каролина претходно овој месец.
По соборувањето, САД дејствуваа целосно независно и тајно во анализата на остатоците од балонот, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин на редовен брифинг.
Ванг истакна дека Кина, преку заштитени конзуларни канали, јасно бара од САД да го информираат Пекинг за напредокот во истрагата и анализата на деловите од балонот, но дека Вашингтон одбил да одговори, објави Ројтерс.