Кина сака и втора трка во Формула 1

од Симе Стоиков
269 прегледи

Календарот на Формула 1 значително порасна во последните години, a има уште повеќе кандидати за нови трки, а бројот на тркачки викенди достигна рекордни 24 оваа сезона.

Формула 1 и Либерти Медиа успеаја да обезбедат посилно Формула 1 присуство во САД, благодарение на новите трки во Мајами и Лас Вегас, но сега можеби е време да се свртат кон Азија.

Според различни извори, Кина, која нема трка во Формула 1 од 2019 година, сака уште една трка покрај таа што наскоро ќе се одржи во Шангај. Во најнаселената земја во светот планираат да изградат втора писта, во Гуангдонг, 1.200 километри југозападно од Шангај.

Сите производители на автомобили и светски компании присутни во Формула 1 имаат интерес да го прошират своето присуство во Кина, но за тоа ќе биде потребна посоодветна формула од сегашната, бидејќи последните трки во Шангај (до 2019 година) се одржуваа пред речиси празно гледалиште.

Во Азија има уште еден кандидат – Јужна Кореја, која сака да се врати во календарот на Формула 1. Домаќин на натпреварот ќе биде Инчеон, сателитски град на главниот град Сеул.

Кореја веќе беше домаќин на четири трки помеѓу 2010 и 2013 година, при што Фернандо Алонсо победи на првата трка, а Себастијан Фетел на следните три.

Градоначалникот на Инчеон рече дека претстојат „сериозни преговори“ со Формула 1, истакнувајќи ја одличната транспортна инфраструктура во градот, како и многуте луксузни хотели во градот.

Слични содржини