Кина: Само прекин на огнот и политичко решение на конфликтот во Украина е во интерес на сите страни

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Прекинот на огнот и постигнувањето политичко решение на конфликтот во Украина е она што може да ги задоволи интересите на сите страни, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.

Запрашан да ги коментира наводите на одредени западни медиуми дека САД и дозволиле на Украина да користи ракети со долг дострел за напад на руска територија, Лин на брифинг за медиумите рече дека позицијата на Кина за војната во Украина „отсекогаш била јасна“.

„Главен приоритет е брзата деескалација на ситуацијата. Кина секогаш ги охрабрувала и поддржувала напорите за постигнување мирно решение и е подготвена да продолжи да игра конструктивна улога на свој начин во политичкото решавање на украинската криза“, рече Лин, цитиран од РИА Новости.

Слични содржини