Кина силно се противи на заедничката изјава на групата Г7

од Stefanija Kuzmanovska

Кина силно се противи на заедничката изјава на групата Г7 на самитот во Хирошима и се пожали на Јапонија како земја домаќин, соопшти денеска кинеското mинистерство за надворешни работи.

Министерството соопшти дека Г7, игнорирајќи ја загриженоста на Кина, го нападна Пекинг мешајќи се во внатрешните работи на земјата, вклучително и прашањето на Тајван, објави „Ројтерс“.

Кина изрази незадоволство и протест до земјата домаќин – Јапонија, се вели во соопштението.

Слични содржини