КИНА СО ОСТРИ ЗАКАНИ: Независноста на Тајван значи војна!

од Nikola Popovski
183 прегледи

Кинеското Министерство за одбрана денес објави дека неодамнешните воени активности во Тајванското Море претставуваат мешање на странски сили и провокација од страна на силите што ја поддржуваат независноста на Тајван, а „независноста значи војна“.

Ова им го соопшти на новинарите портпаролот на Министерството, Ву Чијан, одговарајќи на прашање за неодамнешното зајакнување на кинеската воена активност во воздушната зона на островот.

Ву рече дека кинеските вооружени сили ќе реагираат на каква било провокација и мешање на странците.

На новинарско прашање за активностите на кинеската авијација во зоната во Тајван, тој рече дека Тајван е нераскинлив дел од Кина.

„Активностите на Кинеската народноослободителна армија во Тајванското Море се неопходни активности во врска со моменталната безбедносна состојба во регионот и со цел да се зачуваат кинескиот национален суверенитет и безбедност“, рече тој.

Тој додаде дека „мал број“ луѓе во Тајван бараат независност на островот.

„Ние ги предупредивме оние елементи на „независност на Тајван“ дека и оние што играат со оган, во тој оган ќе изгорат и дека „независноста на Тајван“ значи војна“, рече Ву.

Слични содржини