Кај 41-годишен маж во кинеската провинција Џиангсу е потврдено дека има прв случај на птичјиот грип Х10Н3. Кинеските здравствени власти велат дека ризикот од ширење од големи размери е мал.
Еден човек од градот Женџијанг отишол во болница на 28 април откако добил висока температура, а еден месец подоцна му бил дијагностициран сојот на птичји грип Х10Н3, соопшти кинеската здравствена комисија. Властите не дадоа никакви детали за тоа како тој се заразил со вирусот.
По набvingудувањето на неговите контакти, не е откриен друг случај на оваа инфекција. Човекот бил стабилен за време на престојот во болницата и наскоро ќе биде пуштен дома.
Помалку сериозен сој
H10N3 е слабо патоген, односно помалку сериозен сој на вирус што се наоѓа кај живината, додала Комисијата.
Постојат неколку различни соеви на птичји грип во Кина, и тие повремено ги инфицираат оние кои на некој начин се во контакт со живината. Откако сојот Х7Н9 уби околу 300 лица во текот на 2016 и 2017 година, понатаму немаше значителен број на инфекции со птичји грип, пишува Гардијан
Досега во светот не се пријавени други човечки случаи на сојот Х10Н3, соопшти Комисијата.