Кина: Стадо слонови го продолжуваат своето патување до засолниште во Јунан

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Четиринаесет диви азиски слонови се движат кон заштитено живеалиште во југозападната кинеска провинција Јунан, продолжувајќи го своето долго патување од 1.300 километри, пренесуваат агенциите.

Слоновите безбедно го преминаа мостот преку реката Јуан, свртувајќи се на југ кон природниот парк со кој управува градот Пуер, потврдија надлежните служби.

Специјалниот комитет формиран за диви слонови користи електрични огради, разни мамки, како храна, за да ги води до нивната дестинација. За таа цел се поставени и вештачки патишта.

Членот на управниот одбор Јанг Јингјонг им рече на новинарите дека рутата за миграција е „научно планирана“.

„Комитетот ќе стори сé за да ги врати слоновите во нивното живеалиште што е можно поскоро и да напредуваат таму“, рече Јанг.

Јунан распореди повеќе од 25.000 полицајци и 1.500 возила за да ги следат и да ги хранат слоновите, но и да обезбедат јавна безбедност.

Повеќе од 150.000 луѓе беа евакуирани долж трасата, а осигурителните компании платија околу пет милиони јуани (771.000 американски долари) како материјална штета.

Во април оваа година, 15 слонови го напуштија Пуер и пешачеа повеќе од 1.300 километри за да застанат кај Кунминг во јуни.

Шен Кингжонг, експерт во паркот на природата Ксиуангбана, вели дека е многу веројатно слоновите повторно да се упатат кон север, бидејќи „миграциите и проширувањето на азиската популација слонови се неизбежни“.

Слични содржини