Кина условно го одобри лекот против корона „Паксловид“ на „Фајзер“

од Vladimir Zorba

Кинеската национална управа за лекови денеска објави дека дала условно одобрение за купување на лекот „Паксловид“ на „Фајзер“ за лекување на коронавирус.

Кинеското медицинско регулаторно тело, исто така, наведе дека „Паксловид“ е одобрен за третман на возрасни пациенти кои имаат блага до умерена форма на ковид-19 и висок ризик за развој на тешка форма на болеста, објави Ројтерс.

Доколку Пекинг го одобри купувањето на „Паксловид“, тоа ќе биде првиот орален лек достапен во Кина за лекување на коронавирус.

Слични содржини