Кина успешно тестираше хиперсоничен авион

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Во Кина неодамна се одржа пробен лет на хиперсоничен авион, чија брзина ја надмина брзината на сите современи суперсонични авиони, вклучувајќи го американскиот стратешки суперсоничен разузнавач SR-71 “Црн кос”. “Тоа беше првиот пробен лет на авионот со хиперсонична брзина и тој беше исклучително успешен”, раскажа воени експерти пред локалната сателитска телевизија. За хиперсоничната брзина се смета најмалку 5 маха, односно пет пати ја надминува брзината на звукот.

4415325

“Во САД одамна развиваат хиперсоничен авион од нова генерација, кој е способен да развие брзина од 5 маха, но во моментов американските планови остануваат само на хартија. Овој пат Кина ги надмина сите очекувања на набљудувачите “, истакна воените стратези.

china-tests-hypersonic-missile1

За реализацијата на проектот бил потребен таков воздушен-реактивен мотор кој немала ниту една земја во светот, а исто така да се развијат отпорни, лесни и огнеопорни нови материјали, способни да издржат високите температури кои леталото ги достигнува при летот со хиперсонична брзина. Одговорните изјавиле дека овој тип авиони успешно ги надминуваат системите за противракетна и противвоздушна одбрана, бидејќи нагло го намалуваат времето за лет и силите на противникот не успеваат да реагираат и да ги насочи ракетите.