297
Кина утре планира да лансира нова тричлена мисија во вселената, чија задача е да ја заврши работата на постојаната вселенска станица на таа земја, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција.
„Во леталото ќе бидат командантот на мисијата Чен Донг и членовите на екипажот Лиу Јанг и Кај Суже, а сите подготовки за лансирањето се направени“, изјави претставникот на кинеската агенција за вселенски истражувања, Лин Сикијанг, пренесува АП. .
Екипажот на леталото Шенжу-14 ќе помине шест месеци на вселенската станица Тјангонг.