19
Кина утрово соопшти дека прави максимални напори да започне преговори со ЕУ за тарифите воведени од Брисел за увоз на кинески електрични возила и други производи.
Портпаролот на кинеското Министерство за трговија Хе Јадонг на прес-конференција изјави дека Кина се надева дека европската страна ќе ги послуша повиците на индустријата и ќе промовира билатерална инвестициска соработка преку дијалог и консултации, објави Ројтерс.
Во посебна изјава, кинеското Министерство за трговија рече дека во Кина се водат истраги во врска со субвенциите на ЕУ за извоз на свинско и млечни производи.