Кина воведува прелиминарни царини до 43 проценти за одредени млечни производи од Европската Унија откако во антидампинг истрагата заклучи дека производите биле субвенционирани, објави денес кинеското Министерство за трговија.
Мерките се однесуваат на некои свежи и преработени сирења, како и на павлака, а царините моментално се собираат во форма на депозити, објавува „Блумберг“.
Кина започна истрага за увоз на млечни производи од Европската Унија во 2024 година, а во август ја продолжи постапката за дополнителни шест месеци поради, како што е наведено, сложеноста на случајот.