Кина има ново правило за гејмерите во оваа земја – нема играње видео игри во текот на работната недела, јавува државната новинска агенција Ксинхуа.
Кина им забрани на учениците да играат видео игри и ќе добијат само три часа неделно.
Тие ќе можат да играат еден час во петок и еден час во сабота и недела.
Кина започна борба против зависноста од видео игри, а од владата наведуваат дека станува збор за борба против социјалните болести, кои ги попречуваат децата.
Тие соопштиле дека видео игрите ги одвлекуваат децата од одговорност на училиште и ги попречуваат во извршувањето на семејните обврски, па затоа одлучиле да им дадат само три часа неделно за забава.
Видео-игриte за време на викендите, петоците и државните празници може да се играат од 20:00 до 21:00 часот.
Границата е до младите на 18-годишна возраст.
Новите правила доаѓаат во услови на сеопфатно заострување на регулативата и контролата на Пекинг врз кинеските технолошки гиганти како Алибаба и Тенсент, што ги изнервираше инвеститорите и ги намали цените на кинеските акции што се тргуваа дома и во странство.
Националната власт за медиуми и издавачи, која го регулира пазарот за видео игри во Кина, исто така, изјави за Синхуа дека ќе ја зголеми фреквенцијата и интензитетот на контролите врз компаниите за игри за да утврди дали се почитуваат временските ограничувања како мерки во системот за борба против зависност.