248
Пекинг е загрижен за убиството на Дарја Дугина и го следи развојот на ситуацијата, изјави на денешната прес-конференција постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации Џанг Џун.
„Ги забележавме медиумските извештаи за овој трагичен настан и многу сме загрижени поради тоа. Дефинитивно ќе продолжам да набљудувам што ќе се случува понатаму и се надевам дека преку истрагата ќе дознаеме што се случило“, рече Џанг.