Кина започна со изградба на најголемата 5G мобилна мрежа во светот

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Кина започна со изградба на најголемата 5G мобилна мрежа во светот, соопшти денеска кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (МИИТ).

Државата изгради вкупно 792.000 5G базни станици до крајот на февруари годинава, а бројот на мобилни терминали приклучени на мрежата достигна 260 милиони, рече на прес-конференција заменик-министерот нa МИИТ, Лиу Лехонг, објави „Синхуа“.

Министерството, исто така, процени дека испораките на 5G мобилни телефони во Кина ќе сочинуваат 80 проценти од вкупните пратки во втората половина на оваа година.

Кинеската брзина на мобилната мрежа е рангирана на четвртото место меѓу 139 земји и региони, рече Лиу, повикувајќи се на податоците на Меѓународната агенција за мерење на брзината, пренесува „Танјуг“.

Кина има намера да изгради повеќе од 600.000 5G базни станици во 2021 година.

Слични содржини