Кинеските власти во југоисточната провинција Јунан денес за 24 часа потврдија нови девет локални случаи на инфекција со ковид-19, од кои седум се откриени во градот Руила на границата со Мјанмар, во кој сега е забрането влегување и излегување без посебна дозвола .
Во споредба со саботата, тоа е благ пад, бидејќи пред два дена се регистрирани 12 локални случаи, објави „Ројтерс“.
Од деветте нови случаи, двајца се асимптоматски, додаваат властите на Јунан.
Јунан неодамна забележа зголемување на бројот на случаи, па на граѓаните им е забрането да излегуваат или да влегуваат во Руила без посебна дозвола.